Barış Seçkin
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 47 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.561, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 21.543 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 251 случаj со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 238.011.
Излекувани се уште 1.363 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 181.907 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 47 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.561 лицe.
Според соопштеното, 161 лицe се наоѓа на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.889.103 тестирања за Ковид-19.