Barış Seçkin
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 22 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.738, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 16.681 активен случај на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 174 случаи со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 240.310.
Излекувани се уште 307 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 188.891 лице.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 22 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.738 лица.
Досега во Италија се направени 5.314.619 тестирања за Ковид-19.