Barış Seçkin
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
РИМ (АА) – Во Италија од новиот тип коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа починаа уште 21 лице, со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.788, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за здравство на земјата.
Според соопштението, во земјата моментално има 15.255 активен случај на коронавирусот.
Во последните 24 часа откриени се уште 187 случаи со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 240.760.
Излекувани се уште 469 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени од вирусот се искачи на 190.717 лице.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 21 лице, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.788 лица.
Досега во Италија се направени 5.445.476 тестирања за Ковид-19.