Barış Seçkin
14 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
РИМ (АА) - Со коронавирусот се заразени и двајца заменици на италијанските министри за здравство и образование, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заразата со коронавирусот во Италија и понатаму се шири. Во последните 24 заразени се 1.500 лица, а меѓу нив се и заменик-министерот за здравство, Пјерпаоло Силери, и Ана Аскани, заменик-министерката за образование.
Во Италија од коронавирусот починаа 1.266 лица, а заразени се 17.600 лица. Вирусот се шири и меѓу политичарите.
„Пред неколку дена имав контакт со лице кое беше позитивно на вирусот. Се изолирав од првиот момент кога почнав да имам симптоми. Се тестирав и позитивен сум на вирусот. Ги применувам мерките што ги објави Министерството за здравство“, напиша Силери.
Локалните медиуми наведуваат дека на вирусот е позитивна и помошник-министерката за здравство. Се наоѓа во карантин во Аскана.
Со последната мерка фирмите и понатаму треба да работат, но работниците одбија да дојдат на работа поради загриженост за здравјето и безбедноста.
Премиерот Џузепе Конте рече дека по 18 часот со синдикатите потпишале протокол за примена на безбедносните мерки на работните места.
Според договорот, фирмите кои нема да ги преземат потребните мерки за претпазливост против вирусот ќе бидат затворени што е можно поскоро.