Merve Berker
26 Ноември 2022•Ажурирај: 27 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Кина денес објави дека во последните 24 часа регистрирани се 31.709 новозаразени со коронавирусот, додека 1.893 пациенти биле отпуштени од болниците откако целосно закрепнале, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од вкупниот број нови случаи, само 3.474 покажале симптоми, се наведува од Националната здравствена комисија, која соопшти дека над 11,4 милиони луѓе биле „идентификувани дека имале близок контакт со заразени пациенти“.
Комисијата додаде дека над 1,6 милиони луѓе сè уште се под медицински надзор, додека 12.624 асимптоматски случаи биле „ослободени од медицинска опсервација“ вчера.
Во Ксинџијанг, автономната територија во северозападна Кина, локалните власти соопштија дека во главниот град случаите на Ковид-19 биле изолирани од регионалниот главен град Урумчји на ниво на општини и дека секојдневието ќе биде вратено во животите на жителите во областите со низок ризик „во фази“, објави „Глобал тајмс“.
Официјалните претставници изјавија дека градот сè уште има области со висок ризик, и дека сè уште има до околу 100 потврдени случаи на Ковид-19 на ден во изминатите два дена.
Областите со висок ризик се враќаат на ниво со низок ризик откако пет дена по ред не се регистрирани нови случаи на Ковид-19.
Кина, каде што живеат над 1,4 милијарди луѓе, досега има потврдено 304.093 случаи на Ковид-19.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 5.232, додека 269.116 луѓе закрепнале од вирусот.