Fuat Kabakcı
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина во изминатите 24 часа регистриран е само еден нов случај на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Националниот завод за здравство на Кина се наведува дека станува збор за „увезен“ случај и дека во истиот период не се регистрирани смртни случаи.
Се истакнува дека 10 заразени лица се наоѓаат во критична состојба и дека бројот на заразени лица се зголемил на 82.919.
Во Кина како последица на коронавирусот починаа 4.633 лица.
Националниот завод за здравство соопшти дека се планира масовно тестирање во градот Вухан, каде што вчера, по долго време, повторно е регистриран случај на коронавирусот Ковид-19.
Коронавирусот првпат се појави во Вухан во декември минатата година и оттогаш се прошири во околу 200 земји и региони низ целиот свет.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот.
Исто така, СЗО покрај Европа, за нов епицентар на пандемијата на коронавирусот ги прогласи и Соединетите Американски Држави (САД).