Bakir Tiro
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, донираше 500.000 евра за борба против коронавирусот во родната Аргентина, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Парите уплатени на сметката на Фондацијата „Гарахан“, која ќе ја подели медицинската опрема на здравствените установи во земјата, ќе помогнат во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Меси ги нарече здравствените работници херои и им се заблагодари за немилосрдната борба за човечките животи од почетокот на ширењето на вирусот Ковид-19, наведуваат медиумите од земјата на аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона.
Во Аргентина, според последните податоци на Министерството за здравство на Аргентина, од Ковид-19 починале 314 лица, додека заразени се над 6.200 лица.