Bahattin Gönültaş
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) – Германската биотехнолошка компанија „БајоНТек“ соопшти дека потпишала договор со кинеска фармацевтска компанија за обезбедување 100 милиони дози од вакцината развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека е потпишан договор за снабдување на првите 100 милиони дози на Кина од вакцината наречена „BNT162“ против Ковид-19, која е базирана на mRNA технологијата.
Исто така, во соопштението се потсетува дека компанијата „Шангај Фосун Пармацеутисал“ (Shanghai Fosun Pharmaceutical) и „БајоНТек“ (BioNTech) во месец март објавија дека во Кина заеднички ќе соработуваат за развојот, клиничките тестови и маркетингот на германската вакцина „BNT162“, која е базирана на mRNA технологијата.
Првото снабдување за Кина ќе биде реализирано од производствените капацитети на „БајоНТек“ во Германија.
Од друга страна, компаниите на 24 ноември објавија дека ја започнале втората фаза на клинички испитувања во Кина за потенцијална вакцина што ја развиваат против Ковид-19.