Burak Bir
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денес изјави дека Турција ќе ја продолжи сета можна поддршка до Ирак во напорите за елиминирање на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Отсекогаш сме го бранеле територијалниот и политички интегритет на Ирак и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара.
Осврнувајќи се на поддршката која Турција ја пружила на Багдад во борбата против ДЕАШ, тој нагласи дека Анкара сака Ирак да биде исчистен од сите терористи.
Во врска со неодамнешните напади на ПКК во Ирак и Сирија, Чавушоглу изјави дека нападите на терористичката организација врз курдската популација во двете земји докажуваат дека таа е непријател на Курдите.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.