Hasan Esen
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
ЛОНДОН
Пандемијата на новиот тип коронавирус во Велика Британија досега одзеде 41.279 животи, од кои 151 се во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја објави дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 151 смртен случај, со што вкупниот број на починати е зголемен на 41.279. Истовремено, во последното деноноќие се детектирани 1.266 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 291.409.
Во последните 24 часа во Велика Британија се извршени 197.007 тестирања, вкупно 6.240.801 досега.
Велика Британија се наоѓа на прво место според бројот на смртни случаи во Европа, втора е во светот, зад САД.