Islam Doğru
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 977 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 115.166 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 21.030 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 2.067.407.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 977 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 115.166.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 775.581 откриен случај, Русија со 502.436 откриени случаи, и Велика Британија со 291.409 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 401.333 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.680 лице.
Во САД досега се извршени 22 милиони 640 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 808.000.