БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на уште 1.648 лица во Бразил, 234 во Мексико, 457 во Аргентина, 559 во Колумбија, 73 во Перу, 40 во Чиле, 20 во Еквадор, 54 во Боливија, 92 во Парагвај, 25 во Гватемала и 24 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.648 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 528.540.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 54.022, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.909.037.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.352.670 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 234 лица со коронавирусот, а детектирани се 8.507 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 234.192 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.558.369. Досега во оваа земја оздравеа 2.27.541 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 457 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 97.439. Во истиот период детектирани се 19.423 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.593.763.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.206.478 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 559 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 110.578.
Во последното деноноќие детектирани се 24.229 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.426.811. Во оваа земја досега оздравеа 4.142.384 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 73 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.308 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.71.637, од кои животот го загубија 193.743 лица, а оздравеа над 2.032.613 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 40 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 33.328.
Во истиот период регистрирани се нови 1.892 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.576.336, а оздравеа вкупно 1.524.232 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 20 смртни случаи, вкупно 21.728 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.078 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 465.029.
Досега во Еквадор оздравеа 431.404 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 54 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.474.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 449.687, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 17.067. Досега оздравеа 373.624 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 92 смртни случаи како последица на коронавирусот, а детектирани се 1.434 новозаразени.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 432.801, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.645.
Досега оздравеа 386.222 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 25 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.573 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.954 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 308.273.
Досега во земјата регистрирани се 273.182 оздравени лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во земјата починале 24 лица од последици предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.758.
Во истиот период детектирани се 667 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 374.665 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 359.275 лица заразени со Ковид-19.