БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка продолжува трендот на висока смртност предизвикан од новиот тип коронавирус (Ковид-19) , пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последици предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил починаа 1.232 лица, 1.682 во Мексико, 162 во Аргентина, 254 во Колумбија, 215 во Перу, 155 во Чиле, 62 во Боливија и 49 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.232 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 228.795. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 56.873, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 9.228.795.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.291.763 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.682 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 13.575 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 162.922 смртни случаи, а досега оздравеа 1.461.011 лица позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека досега се потврдени 1.889.820 случаи на заразување, но се претпоставува дека вкупната бројка на заразени изнесува 2.096.374.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 162 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 48.700. Во истиот период детектирани се 8.891 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.961.635.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.754.705 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 254 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 55.131.
Во последните 24 часа детектирани се 9.790 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот достигна 2.135.412. Во оваа земја досега оздравеа над 2 милиони заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 215 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.010 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.165.052, од кои починаа 41.753 лица, а оздравеа над 1.076.446 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 155 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 18.731.
Во истиот период регистрирани се нови 3.592 случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 740.237, а оздравеа вкупно 698.248 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 62 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.787.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 224.234, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.633. Досега оздравеа 164.900 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 49 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 5.785. Во истиот период детектирани се 699 новозаразени, вкупно 161.665 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 146.715 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
