БОГОТА
Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), како и растот на дијагностицираните случаи со овој вирус во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.119 лица, 1.434 во Мексико, 174 во Аргентина, 371 во Колумбија, 202 во Перу, 83 во Чиле, 53 во Боливија, 39 во Гватемала и 37 во Хондурас.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.119 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 222.666.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 59.826, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 9.118.513.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.960.643 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.434 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 16.374 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 156.579 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.841.893. Во оваа земја досега оздравеа 1.390.906 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 174 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 47.775.
Во истиот период детектирани се 9.838 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.915.362.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.703.459 лица заразени со коронавирусот.
Оваа земја, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 371 лице, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 53.284.
Во последните 24 часа детектирани се 10.058 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.077.633. Во оваа земја досега оздравеа 1.909.791 лице заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 202 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.479 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.125.875, од кои 40.686 лица починаа, а оздравеа над 1.039.619 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 83 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупниот број смртни случаи во оваа земја достигна 18.257.
Во истиот период регистрирани се нови 4.606 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 718.749, а оздравеа вкупно 673.582 лица претходно заразени со овој вирус.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 53 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.666.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 213.392, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.279. Досега оздравеа 157.263 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 39 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати достигна 5.582.
Во истиот период детектирани се 741 новозаразен, а вкупно 158.336 случаи се детектирани од почетокот на пандемијата.
Досега во оваа земја оздравеа 143.065 лица што претходно биле позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени на локалните медиуми во Хондурас, во последните 24 часа починаа 37 лица како последица на вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјата порасна на 3.549.
Исто така, во овој период откриени се 985 случаи на Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Хондурас се искачи на 144.992.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 60.735 лица.