Faruk Zorlu
30 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
МОСКВА
Рускиот суд им одреди куќен притвор на братот и на соработниците на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Окружниот суд Тверској во Москва одржано е рочиште врз основ на кршењето на санитарните и епидемиолошките мерки во текот на протестите за пуштање на Навални минатата седмица.
На братот на Навални, Олег Навални, потоа на адвокатката Лјувоб Собол, докторката Анастасија Василјева и координаторот на московскиот штаб, Олег Степанов, одреден им е куќен притвор до 23 март.
Марија Алехина, членката на рускиот панк-бенд „Пуси Риот“, исто така е осудена за слични обвиненија.
Десетици илјади демонстранти се собраа минатата седмица во Русија поради апсењето на Навални и побараа негово итно пуштање на слобода. Одреден број приврзаници се приведени во полициска интервенција.
Руската полиција во средата го претресе станот и канцеларијата на уапсениот опозиционер поради кршењето на епидемиолошките мерки.
Полициската акција следуваше откако многу земји во светот ја повикаа Русија да го ослободи Навални.
Откако во Германија закрепна од труење, Навални (44) е уапсен во Москва по враќањето во Русија на 17 јануари. Руските власти соопштија дека ја прекршил условната слобода од пресудата од 2015 година за перење пари, за која Навални вели дека е полициски мотивирана.
Помалку од 25 часа по враќањето во Русија, судот во Москва нареди Навални да остане во притвор 30 дена и тој се наоѓа во прочуениот московски затвор „Матроскаја Тишина“.