Sümeyye Dilara Dinçer,Gökhan Varan
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Во светот новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 54,83 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека од последиците на заразување со новиот тип на коронавирус починале 1.324.664 лица. Воедно, бројот на заразени е зголемен на 54.832.029, додека од вирусот се излекувале 38.146.934 лица.
Активни се 15.146.934 случаи на заразување.
САД со 11.367.214 случаи се земја со најмногу заразени со Ковид-19, а потврден е и 251.901 смртен случај.
Останатите земји со најмногу заразени се Индија (8.845.617), Бразил (5.863.093), Франција (1.981.827), Русија (1.925.825) и Шпанија (1.492. 608).
Покрај САД, најмногу смртни случаи се забележани во Бразил (165.811), Индија (130.109), Мексико (98.542), Велика Британија (51.934) и Италија (45.229).