Betül Yürük
08 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Ендру Куомо, гувернерот на Њујорк, изјави дека епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) однесе повеќе животи во оваа сојузна држава отколку нападите од 11-ти септември, јавува Агенција Анадолија (AA).
Куомо рече дека во последните 24 часа во Њујорк од Ковид-19 починале рекорден број луѓе. Тој истакна дека само за еден ден починале 779 лица, со што вкупниот број починати е зголемен на 6.268.
Потсети дека во терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк загинаа 2.753 луѓе.
Куомо порача дека знамињата во Њујорк ќе бидат спуштени на половина копје во чест на починатите од коронавирусот.
Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, во САД од последици предизвикани од коронавирусот починале 12.936 луѓе, а заразени се 401.166.