Islam Doğru
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 476 лица, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 138.273, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжуваат да се најпогодена земја во светот според бројот на заразени и починати од коронавирусот.
Според интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите во врска со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, во последните 24 часа во САД се детектирани 64.507 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица заразени со коронавирусот на 3.480.097.
Последното деноноќие од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот во САД животот го загубија 476 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 138.273.
Според бројот на детектирани случаи на заразеност со коронавирусот по САД следат Бразил со 1.888.889 лица, Индија со 911.629 и Русија со 739.947.
Иако постои пад на бројката на заразени и смртни случаи на дневно ниво, Њујорк продолжува да е „најпогодена сојузна држава во САД од пандемијата“.
Досега во Њујорк се регистрирани 428.303 лица позитивни на коронавирусот, а 32.445 лица ги загубија животите.
По Њујорк следат Калифорнија со 336 илјади заразени и Флорида со 282 илјади.
Во САД се извршени 43.255.000 тестови, а оздравеа 1.550.000 лица заразени со коронавирусот.