Sinan Doğan
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
МЕКСИКО СИТИ
Во латиноамериканската држава Мексико, бројот на починати од последиците на заразување со новиот тип на Ковид-19 се зголеми на 125, јавува Агенција Анадолија (Аа).
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во изминатите 24 часа починале 31 лице, со што вкупниот број на починати е зголемен на 125.
Во соопштението се наведува дека во иститот период бројот на заразени е зголемен на 2.439.
Мексиканската власт презеде низа мерки против ширењето на Ковид-19, по проширувањето на пандемијата во САД.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на својот профил на Твитер им се заблагодари на сите кои се придржуваат до мерките останувајќи во своите домови.
„Ќе ја победиме борбата против Ковид-19 со поддршка на сите вас. Ќе се потрудиме нашата економија да се поправи“, изјави Обрадор.