Nuri Aydın
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на лица заразени со коронавирусот (Ковид-19) во светот се искачи на над 53 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците достапни на интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека на Ковид-19 позитивни се 53.109.750 лица.
Најмногу случаи на заразени се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД). Во САД вирусот е детектиран кај 10.873.936 лица.
По САД, според бројот на заразени лица следуваат Индија (8.727.900), Бразил (5.779.383), Франција (1.898.710), Русија (1.858.568), Шпанија (1.484.868), Велика Британија (1.290.195), Аргентина (1.273.356), Колумбија (1.165.326) и Италија (1.066.401).
Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.299.651, а оздравеа 37.224.907 лице, претходно заразени со вирусот.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.