Emre Aytekin
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА
Од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), повеќе од 210.000 луѓе во светот ги загубија своите животи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира податоците на светско ниво поврзани со пандемијата на Ковид-19. Според најновите податоци, во светот од последици педизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 210.539 лица, додека 3.048.420 лица биле позитивни на тестот на новиот тип на коронавирусот.
САД е земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, вкупно 56.323. Следат Италија со 26.977, Шпанија со 23.521, Франција со 23.293, В.Британија со 21.092, Белгија со 7.207, Германија со 6.021, Иран со 5.806 и Кина со 4.633.
Земји од светот со над 1.000 смртни случаи се:
Холандија 4.518, Бразил 4.340, Турција 2.900, Канада 2.701, Шведска 2.274, Швајцарија 1.665, Мексико 1.351 и Ирска 1.102.
Од новиот тип на коронавирусот се излекувале 915.741 лице, додека се лекуваат 1.917.456 лица.