Sümeyye Dilara Dinçer
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АНКАРА - Јапонската новинска агенција „Кјодо“ објави дека во 20 од 47 града во Јапонија, меѓу кои и во Аичи, Осака, Хјого, Окинава, забележан е раст на случаите на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) на дневна основа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Токио денеска се регистрирани 20.401 случај на зараза со Ковид-19 на дневна основа, а во последните 24 часа животот го загубија 4 лица од последици предизвикани поради зараза со коронавирусот.
Варијантата Омикрон БA.4/БA.5 која се карактеризира со висока стапка на пренесување, бргу се распространи низ Јапонија и достигна ниво од 150.000 заразени лица на дневно ниво, што претставува највисока бројка на заразени од февруари досега.
Матсуно Хироказу, генералниот секретар на јапонскиот Кабинет, соопшти дека и покрај зголемениот број на случаи на зараза со Ковид-19, нема каков било план за рестрикции.
Хироказу истакна: „Ќе го сториме најдоброто за поддршка на здравствениот систем. Приоритет во заштитата ќе им дадеме на лицата кои се во групата со висок ризик.“