Ali Cura
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
МОСКВА - Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана, соопшти дека во Одеса е погоден ракетниот систем „Харпун“ од американско производство благодарение на оружје со висока прецизност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Конашенков зборуваше за активностите на руските воени единици во војната во Украина.
Конашенков информира дека руските воздухопловни сили со оружје со висока прецизност извеле напад во кој го погодиле магацинот за проектили и гранати на 14. Механизирана единица на украинските сили во местото Соледар во Доњецк.
Тој соопшти дека во нападот се уништени 19 воени оклопни возила и неутрализирани се околу 40 припадници на националните сили.
Корнашенков истакна дека руските воздухопловни сили го уништиле ракетниот систем „Харпун“ за лансирање ракети од американско производство во местото Усатово, во подрачјето на Одеса, со оружје со висока прецизност. Тој додаде дека со проектили со висока прецизност лансирани од морето е погоден привремениот центар на 35. Поморска бригада за обука на резервните војници на Украинските вооружени сили во местото Дачноје во подрачјето на Одеса.
Тој информира дека во нападот се убиени повеќе од 200 војници и уништени се повеќе од 10 оружја произведени од странски земји.
Корнашенков нагласи дека руските воени авиони во воздушни борби собориле авион на украинските воздухопловни сили од типот „Миг-29“ во местото Снигиревка, подрачјето на Николаев, и авион од типот „Су-25“ во близина на Доброполје, подрачјето на Доњецк, и додаде дека рускиот систем за воздушна одбран во еден ден соборил 4 украински беспилотни летала.
„Досега соборени се 259 авиони, 143 хеликоптери, 1.572 беспилотни летала и уништени се 356 ракетни системи за воздушна одбран, 4.135 тенка и оклопни возила, 760 повеќецевни ракетни фрлачи, 3.166 хаубици и минофрлачи, 4.410 специјални воени возила“, соопшти Конашенков.