Oktaj Omeragikj
07 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 4.589.244 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 222.003.077 лица, а оздравеа 198.612.437 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 40.865.794 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 33.058.843 заразени, Бразил со 20.899.933, Русија со 7.030.455, Велика Британија со 7.018.927, Франција со 6.839.494, Турција со 6.519.016, Аргентина со 5.207.695, Иран со 5.156.986, Колумбија со 4.919.773, Шпанија со 4.887.394, Италија со 4.574.787, Индонезија со 4.133.433, Германија со 4.020.573, Мексико со 3.433.511, Полска со 2.890.666, Јужноафриканската Република со 2.824.063, Украина со 2.300.504, Перу со 2.155.508, Филипини со 2.103.331, Холандија со 1.956.348, Ирак со 1.922.942, Малезија 1.862.187, Чешка со 1.681.091, Чиле со 1.641.526, Јапонија со 1.571.372, Бангладеш со 1.517.166, Канада со 1.516.094, Тајланд со 1.308.343, Белгија со 1.196.656, Пакистан 1.186.234, Шведска со 1.130.525, Израел со 1.117.596, Романија со 1.107.043 и Португалија со 1.047.710.
Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 666.559 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 583.866 починати, Индија со 441.075, Мексико со 263.470, Перу со 198.523, Русија со 187.990, Индонезија со 136.473, Велика Британија со 133.274, Италија со 129.567, Колумбија со 125.331, Франција со 115.007, Аргентина со 112.673, Иран со 111.257, Германија со 92.902, Шпанија со 84.928, Јужноафриканската Република со 83.617, Полска со 75.379, Турција со 58.377 и Украина со 54.054 починати.
Досега од заразеност со Ковид-19 оздравеа 198.612.437 лица позитивни на вирусот.
Во моментов во светот има 18.801.396 активни случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 104.984 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.