Muhammet Nazım Taşcı
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 3,8 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемијата, бројот на заразени ширум светот достигна 3.802.123.
Соединетите Американски Држави (САД) со 1.252.584 потврдени случаи, се земја со најмногу заразени. Следуваат Шпанија со 253.682, Италија со 214.457, Велика Британија со 201.101, Франција со 174.191, Германија со 167.575, Русија со 165.929, Турција со 131.744, Бразил со 121.600 и Иран со 101.650.
Во Кина, каде најпрво се појави коронавирусот, потврдени се 82.883 случаи на вирусот.
Останатите земји со над 10.000 заразени се Канада со 63.375, Индија со 52.987, Перу со 51.189, Белгија со 50.781, Холандија со 41.319, Саудиска Арабија со 31.987, Еквадор со 31.881,Швајцарија со 30.060, Португалија со 26.182, Мексико со 26.025, Шведска со 23.918, Пакистан со 23.214, Чиле со 23.048, Ирска со 22.248, Сингапур со 20.198, Белорусија со 19.255, Катар со 17.972, Јапонија со 17.132, Израел со 16.314, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) со 15.738, Австрија со 15.684, Полска со 14.740, Романија со 14.107, Украина со 13.184, Индонезија со 12.438, Бангладеш со 11.719, Јужна Кореја со 10.806 и Филипини со 10.004.
Вирусот изби во кинескиот град Вухан во декември минатата година, а за брзо време се прошири во над 200 земји и региони низ светот.
Од последиците на коронавирусот починаа 263.086 лица, а досега се излекуваа 1.285.591 лица.