Alaattin Doğru
26 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ПАРИЗ
Во Франција е регистрирано лице заразено со новата варијанта на коронавирусот откриена во Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Станува збор за лице кое претходните денови престојувало во Велика Британија.
Заводот за јавно здравство соопшти дека утврдена е зараза со новата варијанта на коронавирусот кај француски државјанин кој пристигнал на 19 декември од Лондон во францускиот град Тур.
Иако лицето не покажувало симптоми, ставено е во карантин и во моментов се обидува да се утврди со кои лица било во контакт.
Се наведува дека можно е и кај други лица во Франција да постои оваа варијанта на коронавирусот, за кој се вели дека брзо се шири.
Над 40 земји ги прекинаа летовите со Велика Британија по појавата на новата варијанта на коронавирусот во таа земја. Некои од земјите, како Франција, ги затворија и своите копнени граници. За новата варијанта на коронавирусот се верува дека се пренесува 70 отсто побрзо.