Sinan Doğan,Zehra Ulucak
27 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
АНКАРА
Како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.085 лицa, во Индија 1.023, а во Мексико 626, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 1.085 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 117.665 лицa.
Во земјата се откриени 47.161 новозаразен, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 3.717.156.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.908.084.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.023 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 60.472.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 75.760 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 3.310.234.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.523.771 лице.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 626 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 62.076.
Во Мексико се откриени 5.267 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 573.888.
Досега во земјата оздравеа 396.758 лица.