АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека веќе секој треба да знае дека Република Турција стана вистински фактор на меѓународната сцена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар беше гостин на уредничкиот деск на АА, каде што разговараше за актуелните теми.
Тој информираше околу неутрализираните терористи за време на операциите „Канџа“, и рече дека во овие рамки досега се неутрализирани 320 терористи.
„Од 24 јули 2015 година досега неутрализиравме 17.200 терористи“, истакна тој, додавајќи дека борбата против тероризмот и терористите ја продолжуваат со офанзивно разбирање.
Акар се осврна и на активностите на Турција на Источниот Медитеран.
„Додека нашето Министерство за енергетика продолжува со работите на Источниот Медитеран, ние исто така сме одговорни да ја осигураме безбедноста на активностите“, додаде Акар.
Турскиот министер го покани својот грчки колега во наредните денови да ја посети Турција за да одржат преговори.
„Нашите проблеми треба да ги решиме разговарајќи како Турци и Грци, а не преку засолнување кај Европа, ЕУ или Франција“, нагласи Акар.
Тој говореше и за состојбата на грчкиот остров Меис, при што рече: „Островот Меис од Турција е далеку 2 километри, додека од Грција околу 600 километри. Во оваа ситуација на овој остров му давате поморска надлежност од 40.000 квадратни километри. Што е тоа?“
„Турција не претендира на чија било територија или море, но нема да дозволи напади од соседи ниту узурпација на нејзините права“, додаде тој.
„Не треба да се тестира силата и моќта на Турција. Ние сме одлучни, решителни и способни што се однесува до заштитата на нашите права и интереси“, истакна Акар.
Во однос на проблемите на Медитеранот, Акар нагласи: „Ние сме за преговори. Дојдете да разговараме. Отворени сме за дијалог. Сакаме мир и покојство, но ги сакаме и нашите права.“