Beyza Binnur Dönmez
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ЊУЈОРК
Уште речиси три милиони Американци поднеле барање за надомест за невработени поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за труд на САД соопшти дека минатата седмица околу 2,98 милони граѓани поднеле барање за надомест за невработени во моментите додека пандемијата
и понатаму остава тешки последици на економијата на таа земја.
Оваа бројка на барања е сепак помала за 195.000 во однос на податоците од претходната седмица.
Исто така, оваа бројка за прв пат е помала од три милони на седмична основа од средината на мрт.
Најновите податоци покажуваат дека во САД од избивањето на кризата предизвикана од коронавирусот, односно во претходните осум седмици, околу 36,5 милиони луѓе поднело барање за надомест за невработени, што е далеку највеќе во историјата на оваа земја.
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија,.
Во САД во последните 24 часа се потврдени 21.918 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.432.086.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.777 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 85.268.