Betül Yürük
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЊУЈОРК
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш ги повика верските лидери да учествуваат во борбата против новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својата видеопорака Гутереш им се заблагодари на верските лидери кои го поддржаа повикот за глобално примирје и изјави дека тие можат да имаат поголема улога во борбата против епидемијата на Ковид-19.
Повикувајќи ги верските лидери да ги предупредат општествата на последиците и штетните пораки на насилство, ксенофобија и расизам, Гутереш исто така повика да се осуди поголемото насилство врз жените и девојчињата за време на епидемијата.
Гутереш исто така ги повика верските лидери да ги охрабрат жените и да ги поттикнат тие да бидат застапени еднакво на сите подрачја. Тој исто така ги повика да го поддржат спроведувањето на мерките кои Светската здравствена организација ги постави во согласност со мерките против ширењето на Ковид-19, а во контекст на нивна примена за време на верските активности.
Потсетувајќи дека милиони ученици го прекинале образованието поради епидемијата, Гутереш изјави дека верските лидери исто така би требале да ги поддржат и напорите за решавање на проблемите во образованието.