Betül Yürük
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е потребен глобален план за вакцинација за да ѝ се стави крај на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и побара од Соединетите Американски Држави (САД) да бидат предводници на овој план, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гутереш одржа видеоконференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во делот од средбата што беше отворен за медиумите, Гутереш изјави дека ги поздравува иницијативите на новата американска администрација за мултилатерални решенија на глобалните проблеми, додавајќи дека враќањето на САД во Парискиот климатски договор испраќа порака со надеж до светот. Гутереш истакна дека учеството на САД во работата на Светската здравствена организација е важен показател за солидарноста во борбата против епидемијата.
Посочувајќи дека е потребен глобален план за вакцинација за да ѝ се стави крај на епидемијата на Ковид-19, Гутереш го кажа следното: „САД можат да одиграат важна улога на оваа тема. Предложив земјите од Г20 да формираат работна група за итни случаи со цел да се развие и координира овој план, но тоа не може да се направи без ефикасно американско лидерство.“