Erdoğan Çağatay Zontur
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа во Бразил, како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, изнесува 421, со што вкупниот број на починати се искачи на 6.750, соопштија тамошните здравствени власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со детектирани 4.970 случаи на вирусот во изминатите 24 часа, Бразил има најмалку 96.559 потврдени случаи.
Вонредна состојба во бразилските држави Рио де Жанеиро и Сао Паоло беше прогласена на 18 март, каде што вирусот е најприсутен.
Случаи на вирусот Ковид-19 се регистрирани во 187 земји и региони во светот откако тој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, изминатиот декември. САД и Европа во моментот се најтешко погодени делови на светот.
Во светот има над 3,4 милиони дијагностицирани случаи на коронавирус, бројот на смртни случаи надмина 243.300, додека повеќе од 1 милион луѓе го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.