Erdoğan Çağatay Zontur
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија изврши напад врз складиште со оружје што им припаѓа на милициите на воениот водач Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Либиската Армија соопшти дека војската спровела воздушен напад на воздухопловната база „Ватија“, источно од Триполи.
„Двајца припадници на милицијата се убиени, а петмина се повредени“, се додава во соопштението на Армијата.
Либиската Армија неодамна оствари напредок во борбата против милициите на Хафтар, кои се поддржани од Франција, Русија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет.
Воздухопловната база „Ватија“ е клучна база во Либија, која милитантите на Хафтар ја окупираа во 2014 година. Токму таа база Хафтар ја користи како седиште од кое раководи со нападите врз Триполи и другите либиски региони.