Bilal Acar
30 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
ЛОНДРА
Велика Британија објави дека како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега починале 43.730 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека последните 24 часа поради заразеност со Ковид-19 починале 155 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 43.730. Бројката на заразени е зголемена за 689 со што вкупниот број на лица кои се позитивни на тестот на коронавирусот изнесува 312.654. Последните 24 часа извршени се 133.467 тестирања, зголемувајќи го вкупниот број на тестови на 9.426.631.
В. Британија е на првото место во Европа според бројката на починати, а трета во светот по САД и Бразил.
- Чекори на нормализација на ситуацијата
На 13 мај започна ублажувањето на мерките воведени на 23 март, во рамките на кои се укинати ограничувањата во врска со движењето заради занимавање со спорт, а дозволена е и работа во областите на градежништво и производство, односно оние гранки во кои не е возможна работа од дома.
Во втората фаза, односно од 1 јуни, своите врати ги отворија училиштата и професионалните спортски терени, а од 15 јуни продавниците во малопродажба.
Третата фаза би требало да започне на 4 јули, а во рамките на неа е планирано со работа да започнат рестораните, баровите, хотелите, фризерските салони, кино салите, богосложбите, музеи, библиотеки и галерија.