Muhammed Emin Canik
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС
Новиот тип коронавирус во последните 24 часа во Бразил беше причина за смртта на 1.274 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последните 24 часа се регистрирани 1.274 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во оваа земја се искачи на 39.680.
Во последното деноноќие во Бразил се детектирани 32.913 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 772.416. Досега во оваа земја оздравеа 325.395 лица заразени со новиот тип коронавирус.
Државата Сао Паоло, со популација од приближно 46 милиони жители, е најпогодена област во Бразил со 156.316 лица позитивни на Ковид-19 и 9.862 смртни случаи како последица на заразеност со коронавирусот.
Бразил со популација од 211 милиони жители, која е втора земја во светот по САД според бројот на детектирани случаи на Ковид-19, во исто време се опишува и како „епицентар на заразата во Латинска Америка“.