Muhammet Nazım Taşcı
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на регистрирани случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, низ целиот свет ја надмина бројката од 1,1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, која ги регистрира податоците за Ковид-19 од сите земји, вкупниот број случаи со коронавирусот во светски рамки ја достигна бројката од 1 милион 117 илјади 942.
Земја со најголем број случаи со Ковид-19 е САД, каде што се регистрирани се 277.475, потоа следуваат Италија со 119.827 случаи, Шпанија со 119.199 и Германија со 91.159 случаи.
Во Кина, каде што се појави епидемијата, евидентирани се 81.639 случаи.
Земјите со регистрирани над 10.000 случаи со коронавирусот се: Франција (82.165), Иран (53.183), Велика Британија (38.168), Турција (20.921), Швајцарија (19.606), Белгија (16.770) Холандија (15.723), Канада (12.549), Австрија (11.524) и Јужна Кореја (10.156).
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.
Поради епидемијата низ целиот свет досега од вирусот починаа 59.201 лице.