Dmitri Chirciu
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија се регистрирани рекордни 19.768 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 19.768 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.693.454.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 389 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 29.217.
Оздравеа уште 15.567 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.226.931 лицe.
Во Русија направени се над 62.4 милиони тестирања за Ковид-19.