Safvan Allahverdi
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 579 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 122.003 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 3.565 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.331.673.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 579 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 122.003.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.070.139 откриени случаи, Русија со 584.680 откриени случаи, и Индија со 415.624 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Њу Џерси.
Во Њујорк откриени се 410.434 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.174 лица.
Во САД досега се направени над 28 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 973.000.