Barış Seçkin
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 24 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.634, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 20.972 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 224 случаи со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 238.499.
Излекувани се уште 440 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 182.893 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 24 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.634 лица.
Според соопштеното, 148 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.984.370 тестирања за Ковид-19.