Bilal Acar
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 43 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 42.632, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа починаа уште 43 лица поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 42.632.
Се истакнува дека се откриени уште 1.221 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се зголеми на 304.331.
Во последните 24 часа во земјата се направени 175.018 тестирања за Ковид-19, со што вкупната бројка на направени тестирања во земјата се зголеми на 7.890.145.
Иако бројката на дневно починати лица во земјата е под 100, се вели дека оваа бројка целосно не ја одразува вистинската бројка на починати поради настанатото задоцнување кое се случува за време на викендите.