Dildar Baykan
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 488 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 128.161 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 42.935 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.597.383.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 488 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 128.161.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.319.274 откриени случаи, Русија со 634.437 откриени случаи, и Индија со 537.957 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Њу Џерси.
Во Њујорк откриени се 416.018 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 31.452 лица.
Во САД досега се направени над 32 милиони и 12 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 81 илјадa.