Islam Doğru
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19), починаа 930 лицa, со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 142.080 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија во светот.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се рекордни 72.743 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на потврдени случаи во земјата се искачи на 3.771.101.
Од Ковид-19 во земјата починаа уште 930 лицa, со што вкупната бројка на починати се искачи на 142.080.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи во светот, по САД следуваат Бразил со 2.049.140 откриени случаи, Индија со 1.053.552 откриени случаи, и Русија со 765.437 откриени случаи.
Во Њујорк откриени се 432.412 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус во таа сојузна американска држава починаа 32.535 лица.
Во САД досега се направени над 46.609.000 тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1.741.000.