Betül Yürük
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 2.009 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 39.095 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 28.508 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 735.287.
Во последните 24 часа починале уште 2.009 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 39.095 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 195.944 откриени случаи, Италија со 175.925 откриени случаи и Франција со 152.978 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во САД досега се извршени 3 милиони 723 илјади и 634 тестирања за Ковид-19, додека 66.854 лица се излекувани од оваа болест. Моментално 114.123 лица се лекуваат во болници.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата Куќа нагласи дека извршени се над 4 милиони тестирања за Ковид-19.