Islam Doğru
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ЊУЈОРК
Бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во САД, која го достигна врвот поради варијантата Омикрон, од средината на јануари е намален за 61 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според анализата на „ABC News“ врз основа на податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на случаи, кој изнесуваше околу 800.000 дневно во јануари, се намали на 313.000 дневно оваа недела.
Во анализата е констатирано дека од средината на јануари, кога бројот на дневни случаи се зголеми на рекордно високо ниво има намалување од 61 отсто.
Исто така регистрирано е дека дневниот број на хоспитализирани е намален за 23 отсто во однос на претходната недела и изнесува 14.000.
Во анализата, се посочува дека дневните стапки на смртност поради Ковид-19 се сѐ уште високи, а тоа се должи на тоа што информациите се смртните случаи доцнат неколку недели во споредба со информациите за бројот на случаи и хоспитализирани лица.
- Укината е задолжителната маска во училиштата во Њу Џерси
Од друга страна, гувернер на Њу Џерси, Филип Марфи, најави дека од 7 март ќе се укине обврската за носење маски во училиштата.
Марфи на прес-конференцијата што ја организираше рече: „Можеме да преземеме одговорен чекор за враќање во нормала поради намалувањето на случаите на Ковид-19 и зголемувањето на бројот на вакцинирани.“
Нед Лемонт, гувернерот на Конектикат исто така изјави дека е создадена безбедна средина против вирусот со помош на вакцините и најави дека ќе се укини обврската за носење маски во училиштата низ државата по 28 февруари.
Забележано е дека Канцеларијата на гувернерот на Њујорк сѐ уште ја оценува практиката на носење маски во училиштата. Се очекува оваа обврска да биде укината до крајот на овој месец.
Том Волф, гувернерот на соседна Пенсилванија, минатиот месец соопшти дека ја укинале обврската за носење маски во училиштата.