Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Во едно истражување спроведено во САД, кај 15% од 26 студенти - спортисти на универзитетите, откриено е воспаление на срцевиот мускул (миокардитис) по оздравувањето од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од истражувањето направено од страна на Универзитетот во американската сојузна држава Охајо објавени се во списанието „JAMA Cardiology“.
Во истражувањето учествувале 26 студенти спортисти, играчи на кошарка, рагби, атлетика и лакрос, кои претходно немале здравствени проблеми.
Кај 12-мина од овие спортисти забележани се лесни симптоми на вирусот, додека останатите биле асимптоматски.
Спортистите оздравеле без да бидат хоспитализирани или без земање на специфични лекарства.
Во период од 11 до 53 дена од детектирањето на вирусот кај овие спортисти, биле снимени со магнетна резонанца, при што кај 15% од нив, т.е. кај четворица се забележани симптоми на миокардитис.
Сите четворица спортисти се мажи, при што двајца од нив заразеноста ја надминале лесно, а другите двајца биле асимптоматски.
Се смета дека миокадритисот е причина за ненадејна срцева смрт кај 7 од 20 спортисти.
Во согласност со наодите, експертите им советуваат на спортистите да бидат внимателни во врска со започнувањето на спортските активности веднаш по надминувањето на заразата со Ковид-19.