Esin Eşkinat Sayılgan
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Податоците на Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) покажуваат дека 78,2 проценти од популацијата постара од 12 години во Соединетите Американски Држави (САД) примиле најмалку една доза од вакцините против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 67,9 проценти од граѓаните на САД постари од 12 години примиле две дози од вакцините против Ковид-19, додека трета доза примиле 10,3 проценти.
Прва доза од вакцината примиле повеќе од 221,9 милиони луѓе, а втора доза 192,7 милиони, додека трета доза над 19,7 милиони лица.
Во последните 24 часа во САД како последица на коронавирусот починале 1.463 лица, со што вкупниот број е зголемен на 748.630 лица.
Податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека бројот на заразени во САД надминал 46,1 милион.
Популацијата на САД изнесува околу 333,4 милиони.