Mehmet Nuri Uçar
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во Саудиска Арабија во псоледните 24 часа починаа уште 36 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека бројот на откриени случаи со овој вирус во земјата порасна на 101.914, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Министерството за здравство на оваа земја, како последица на овој вирус починаа уште 36 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 712.
Во соопштението се нагласува дека откриени се уште 3.045 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 101.914.
Од Ковид-19 излекувани се уште 1.026 лица. Со ова, вкупно излекувани се 72.817 лица во земјата.