Tufan Aktaş
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Директорката на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, Матшидисо Ребека Моети, смета дека одлуката на САД за запирање на финансирањето на СЗО ќе се одрази и на борбата против другите болести на африканскиот континент, меѓу кои се маларијата, детската парализа и СИДАТА, јавува Агенција Анадолија (АА).
Моети на прес-конференцијата изјави дека запирањето на финансиската помош ќе го оневозможи одвивањето на многу проекти на тој континент, особено истражувањата за вакцините.
Таа потсети дека САД се едни од земјите кои даваат најголем придонес кога станува збор за организацијата, и дека оваа одлука директно ќе се одрази на борбата против болестите како што се маларијата, детската парализа и СИДАТА.
Таа ја повика американската администрација уште еднаш да размисли за одлуката, истакнувајќи дека САД се и стратешки, а не само финансиски партнер.
Моети потсети дека СЗО соработува со многу институти во САД и дека тие се клучни актери во креирањето стратегии и политики на организацијата.
Податоците на СЗО покажуваат дека во 2018 година во светот од маларија починале 405.000 лица, а 94 отсто од смртните случаи се забележани во Африка. Истата година од СИДА починаа околу 470.000 лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави прекин на финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не спроведува точна истрага за тоа како се проширила заразата во Вухан и дека не ги исполнува своите темелни должности.