ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) ја пофали Турција за испраќањето медицинска помош во повеќе од 80 земји за борба против Ковид-19, нагласувајќи дека тоа е пример за солидароста и поддршката што треба сите да ја покажат со цел да се победи вирусот.
Епидемиологот д-р Маргарет Харис, една од најактивните портпароли на Светската здравствена организација (СЗО), во изјава за Агенција Анадолија (АА) се осврна на новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Откако Ковид-19 се појави во Вухан, Кина, и се прошири во повеќе од 200 земји и региони, СЗО на 13 март како центар на епидемијата ја прогласи Европа, на 24 март САД, додека на 27 мај како нов центар ја прогласи Јужна Америка.
Портпаролката Харис, наведувајќи дека „епицентар“ се однесува на регионот каде што стапката на ширење вируси е најинтензивна, нагласи: „Во некои држави на американскиот континент, вклучително и САД, Бразил, Перу, Чиле, во моментот вирусот се шири многу интензивно. И во другите региони епидемијата е широко раширена, но можно е да се намали брзината на пренесувањето доколку се направат потребните здравствени интервенции.“
- „Следниот епицентар на епидемијата не е познат“ -
Нагласувајќи ја важноста на мерките како што се тестирање, скрининг, изолација и карантинот за контрола на епидемијата, Харис истакна дека треба да се почитуваат мерките за хигиена на рацете, физичката дистанца и покривањето на устата со марамче при кивање или кашлање.
Харис наведе дека сè уште не е познато дали Африка ќе биде новиот центар на епидемијата, и рече дек не е јасно каде ќе биде следниот епицентар на епидемијата.
- „Вирусот нема да исчезне сам по себе, ќе се појават нови бранови на пониско ниво“ -
Осврнувајќи се на спонтаното исчезнување на вирусите САРС и МЕРС, кои се од исто семејство со новиот вид коронавирус, Харис рече дека истото сценарио не се очекува да се случи и за Ковид-19.
„Малку е веројатно дека Ковид-19 ќе исчезне спонтано. Иако не е познато како ќе се развива пандемијата врз основа на моменталните докази, најверојатното сценарио е дека на периоди ќе се шири на ниско ниво и дека ќе има бранови на повторување. Но, земјите и заедниците, со спроведување на мерките што ги споменав, може да го прекинат преносот на вирусот од човек на човек. Ова е навистина одговорност на сите“, нагласи Харис.
- „Вакцината не е можна до крајот на годината, потребни се 12-18 месеци“ -
Во однос на тоа дали може да се открие лек или вакцина за Ковид-19 до крајот на годината, Харис рече: „Тоа е малку веројатно. Како што рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во март, за производството на безбедна и ефикасна вакцина што ќе биде доставена на сите потребно е време е од 12 до 18 месеци.“
Харис, упатувајќи пофалби до Турција за испраќањето медицинска помош во повеќе од 80 земји за борба против коронавирусот, рече: „Оваа помош е добар пример за дарежливоста, солидарноста и поддршката што треба да ја покажеме едни кон други за да го победиме вирусот.“
Турција, покрај за САД, Велика Британија, Шпанија и Италија, испрати медицинска помош во балканските, африканските земји и во многу други земји.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во изјавата дадена на 15 мај истакна дека 135 земји побарале медицинска опрема од Турција, а ги исполниле барањата на околу 80 земји.
news_share_descriptionsubscription_contact
