Dildar Baykan
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) на Соединетите Американски Држави (САД), Роберт Редфилд, соопшти дека според нивните проценки, бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во САД до 1 јуни ќе надмине 100.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Редфилд на својот официјален профил на Твитер напиша дека во земјата се следат 12 модели во врска со мониторингот и текот на епидемијата на Ковид-19.
„Според сите модели се проценува дека смртните случаи ќе се зголемат во наредните недели и вкупниот број на смртни случаи ќе надмине 100.000 до 1 јуни“, нагласи Редфилд.
Според проекциите на страницата „HealthData“, која исто така е користена како извор од Белата куќа, се очекува бројот на смртни случаи во земјата до 4 август да достигне 147.000 лица.
Во САД, „епицентарот“ на епидемијата на Ковид-19, досега се заразени повеќе од 1.459.000 луѓе, а околу 87.000 луѓе починаа поради коронавирусот.